Kандидатот за градоначалник на Општина Богданци: Анастасија Олумчева

28.02.2013

Kандидат за градоначалник на Општина Богданци: Анастасија Олумчева

 

Кандидатот за градоначалник на Демократски сојуз во коалицијата “За подобра Македонија“ за претстојните локални избори на Општина Богданци, е Анастасија Олумчева, родена во 1982 година во Гевгелија.

Во 2008 година дипломирала на Архитектонскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј Скопје.

Од  2011 година работи во Одделение за Урбанизам во Општина Дојран. Пред започнувањето на овој работен однос  работела во Одделението за Урбанизам во Општина Богданци, во Бирото за проектирање „Етапа Проект“ Скопје, како и во Бирото за проектирање „Тетрактис“ Скопје.

Покрај формалното образование има и обемно познавање на компјутерските програми AutoCad, 3d Modeling, Microsoft Office и сл., како и на англискиот јазик.

Станува збор за млада, просперитетна и квалификувана кандидатка, а нејзиното претставување пред своите сограѓани можете да го погледнете на следното видео:

 

Контакт: anastasijaolumceva@yahoo.co.uk

partners partners partners partners partners partners