ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ЗАКЛЕТВА ЗА СУВЕРЕНА МАКЕДОНИЈА

27.03.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ЗАКЛЕТВА ЗА СУВЕРЕНА МАКЕДОНИЈА


Денес продолжува конститутивната седница на Собранието на Република Македонија, на која треба да се избере претседател на Собранието.

Кој и да биде избран, тоа пред се е свечен чин, но и обврска да го почитува Уставот на Република Македонија, суверенитетот и територијалниот интегритет.

Свечената изјава (заклетва) дадена под знамето на Република Македонија, пратениците  и македонската јавност, е силна гаранција дека претседателот на Парламентот со индигнација отфрла било какви обиди кои го нарушуваат унитарниот карактер и суверенитетот на државата.

Почитување на Уставот мора да биде императив на сите носители на државни функции, вклучително и на претседателот на Република Македонија, кој за жал е лош пример и непоправлив кога е во прашање кршење на Уставот и свечената изјава која ја даде пред граѓаните на Македонија.

Демократскиот сојуз повикува на одговорно однесување од сите пратеници, се со цел промените на власта да бидат во интерес на стабилноста, мирот и просперитетот на демократска и европска Македонија.

Најавите за спречување на изборот на претседател на Парламентот треба и морa да бидат поразени од демократските сили во Македонија.

partners partners partners partners partners partners