Демократски сојуз: Говор на поделби

29.12.2016

Демократски сојуз: Говор на поделби

Демократскиот сојуз оценува дека и по  осум години Ѓорге Иванов продолжи да држи партиски говор, делејќи го народот и праќајќи пораки на осуда кон сите што поинаку размислуваат и се залагаат за владеење на правото и законите да важат подеднакво за сите.

Отворање "војна" против таканаречениот внатрешен и надворешен непријател е манир на еднопартискиот систем и покажува дека ниту Ѓорге Иванов ниту пак било кој друг од владејачката партија е подготвен да прифати одговорност за кризата во која е вовлечена Македонија, а уште помалку да ја респектира определбата на над 612.000 граѓани кои се определија за промени.

За помирување, обединување и сполотување сме сите, но не и за помилување и аболиција на тие што ја срушија државата.

Претседателот треба да е репрезент на сите граѓани, објективен, праведен и државник, а не партиски гласноговорник.

partners partners partners partners partners partners