Централниот совет ги дефинира приоритетите за претстојните локални избори

03.02.2013

Централниот совет на ДС ги дефинираше приоритетите за претстојните локални избори

Централниот совет на Демократскиот сојуз одржа седница на која се дефинираа приоритетните задачи за претстојните локални избори.

На седницата формиран е Централен изборен Штаб, со кој ќе раководи Зоран Петров, потпретседател на ДС, а во 52-те општински организации ќе се формираат општински изборни штабови.  

Централниот совет одлучи да се продолжат разговорите со ВМРО-ДПМНЕ за заеднички настап на претстојните локални избори на локално ниво.

Централниот Совет, ги овласти раководствата на општинските организации на Демократскиот сојуз да иницираат разговори со коалиционите партнери и зависно од резултатите на истите, да го дефинираат заедничкиот настап.

На седницата се расправаше и за актуелните политички состојби, при што за надминување на политичката криза, Демократскиот сојуз предлага одржување на лидерска средба во поширок состав на која ќе разговара и изгради консензус за:

  • формирање на парламентарна анкетна комисија која ќе ги расветли сите аспекти сврзани со настаните на 24.12.2012 и пред тоа,
  • враќање на сите пратеници во Парламентот,
  • учество на локалните избори,
  • потребата од одржување на предвремени парламентарни избори.

Република Македонија се соочува со сериозни предизвици, поради што Демократскиот сојуз, смета дека, приоритет на сите партии треба да бидат евро интеграциските процеси, владеење на правото, економскиот развој, националната безбедност, состојбите со медиумите и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

 Демократскиот сојуз ги повикува сите лидери на политички партии на разумно и одговорно однесување, се со цел да се организираат фер и демократски избори.

 Само избори со европски стандарди се гаранција за отворање на перспективите за ЕУ и НАТО        

partners partners partners partners partners partners