Стоименовска: Одговорот на прашањето - каде ви се децата, е ист - си заминаа!

09.12.2016

Стоименовска: Одговорот на прашањето - каде ви се децата, е ист - си заминаа!


Регионалниот изборен караван на Коалицијата за Промени и Правда, предводена од Демократскиот сојуз, денес оствари средба со граѓаните на Штип .

Носителот на листата во третата изборна единица, Весна Стоименовска, при средбата со граѓаните истакна дека на последниот ден од изборната кампања и од она што го видела низ сите градови на Источна Македонија, реалноста е една. Според неа, овој крај демографски старее.

„Секаде каде што прошетав по градовите низ Источна Македонија одговорот на прашањето - каде ви се децата, е ист - си заминаа!!!  

Знаете ли колку куќи изградени да бидат нечиј топол дом се на продажба? Знаете ли колку земјоделски површини се претворени во ледини, бидејќи наместо да се дадат на вистинските земјоделци, тие се дадени како награда на партиски послушници? - праша Стоименовска.  

Според неа, сите кои мислеа поинаку или не сакаа да молат по месните комитети извадија авионски билети во еден правец. Нема перспектива каде државата е под целосна партиска окупација. Во оние малку фабрики, претставени како странски инвестиции работниците работат за плата од 10.000 денари и помалку, нагласи Стоименовска.

„Некој говори за горди граѓани, а јас видов само сиромашни, осамени и обесправени граѓани. Од Штип, градот во кој вчера се одржа штрајкот на работничките мантили, јас говорам за еднакви права, еднакви услови и еднакви можности за сите“, изјави носителот на листата во ИЕ број 3, Весна Стоименовска. 

Таа на граѓаните од овој крај им порача дека зад параванот за гласање, тие се сами. Гласањето е тајно и тоа право е загарантирано. На секој кој ќе се обиде да дознае кој како гласал, му следи казна затвор од 3 до 5 години.

Народот избира!!!

Мудро и одважно ќе му пресуди на овој грабеж, на оваа поделба, на оваа партиска окупација.

Стоименовска ги повика граѓаните масовно да излезат, посебно неопределените и да гласаат за Коалицијата за промени и правда, потенцирајќи дека гласот за овој блок е гарант дека во Македонија ќе се случат вистински промени и конечно ќе се стави крај на овој еднопартиски, олигархиски и криминален систем.

Не се плашете режимот ќе падне, повика Весна Стоименовска.

Ги повика граѓаните слободно и без страв да го заокружат број 5 на листата.

partners partners partners partners partners partners