КЕКЕНОВСКИ И БОГОЕСКИ: ,,ГРУЕВСКИ БАРА 63 ПОСЛУШНИКА”

07.12.2016

КЕКЕНОВСКИ И БОГОЕСКИ: ,,ГРУЕВСКИ БАРА 63 ПОСЛУШНИКА”

Слободан Богоески и Јове Кекеновски носители на листи за кандидати за пратеници на Коалицијата за промени и правда во изборната единица бр. 4 и бр. 2 денес во Прилеп одржаа средби со граѓаните како и со повеќе граѓански и невладини организации и асоцијации.

Во своето обраќање Кекеновски осврнувајќи се на односот помеѓу централната и локалната власт и посебно потенцираше и објасни зошто Груески панично и хистерично бара 63 пратеника!?

Груевски не бара 63 пратеника, туку бара 63 послушника, амали на неговиот срам. Тој бара 63 послушника:

• за да може да се спаси од она што го чека веќе на 12 декември 2016.

• за да може и понатаму како и досега непречено да не осиромашува и омаловажува,

• Груевски бара 63 послушника бидејќи е апсолутист и не умее дa влaдее без aпсoлутнa влaст.

• Затоа што сака да има кoнтрoлa над се во државата. Токму поради тоа со неговиот братучед вршеле нелегално снимање на илјаданици граѓани па дури и на неговите најблиски

• бара 63 послушника за да со други македонски политички партии не ја дели власта и за да не прави компромис со никој, освен со Ахмети и Муса Џафери. Со овие двајца не е само брат по бизнис, туку и брат во заедничкото разградување и распродажба на државава.

На минатите и пред минатите избори исто така бараше и доби 63 послушника. Со нивните два прста тој го направи најголемото зло над македонските граѓани.

Бидејќи заканите уцените и подмитувањето на граѓаните добива се поголем замав, како и притисоците врз администрацијата, го повикувам министерот за внатрешни работи и министерот за информатичко општество и администрација, наместо да одат по цел ден на митинзи и собираат политички поени да се посветат на спречување на овие злоупотреби. На овој начин тие покажуваат неодговорност и неспремност да се носат со функцијата која им е доверена од страна на граѓаните на Република Македонија.

Носителот на листата  во ИЕ 4 Слободан Богоески на Коалицијата за ПРОМЕНИ и ПРАВДА ги повика граѓаните на Република Македонија масовно да излезат на гласање за да се сруши режимот на Никола Груевски. Овие избори се еднакви по важноста како и референдумот во 1991. Тие ќе бидат референдумско изјаснување на народот од една страна, а од другата страна криминалците од власта. Коалицијата за ПРОМЕНИ и ПРАВДА е симболот на борбата против ненародниот режим на Никола Груевски и надеж за Македонските граѓани дека никој пат повеќе нема да ни се повтори друга криминална власт

partners partners partners partners partners partners