ИЗЈАВА НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ, ПРАТЕНИК ОД ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

04.08.2020

ИЗЈАВА НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ, ПРАТЕНИК ОД ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Последните две недели новоизбраните пратеници се предмет на критики поради тоа што не присуствувале на свечената седница на ДИК, одржана на 25.07.2020 година, за да ги примат уверенијата за избор на пратеник.

Сакам да ја информирам јавноста дека ДИК не доставил информација (покана и сл.) до новоизбраните пратеници, туку до овластените предлагачи на партиите и коалициите. Таквата информација не е проследена до сите пратениците и затоа не беа присутни на свечената седница на ДИК.

Од таму, неосновани се коментарите и критиките упатени  спрема нив.

Се надевам дека пратениците во новоизбраниот состав ќе бидат многу поактивни, самостојни во ДОМОТ НА ДЕМОКРАТИЈАТА и ќе ги артикулираат интересите на граѓаните и државата.

 

Со почит,

Павле Трајанов

partners partners partners partners partners partners