ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ЗАШТИТА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
22.08.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ЗАШТИТА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ

Демократскиот сојуз смета дека повлекувањето на персоналот од амбасадата на Република Србија е сценарио за дестабилизација на Балканот од пошироки размери, каде се испреплетуваат геостратешки интереси на повеќе центри на моќ.

Со овој непромислен, избрзан и не автентичен (Српски) акт, главната цел е да се блокираат евроатланските процеси на Македонија и да се спречи или забави приемот на Македонија во НАТО и почетокот на преговорите за влез во Европската Унија.

Повеќе од сигурно е дека Србија со поддршка од странство е "вовлечена" во оваа непромислена авантура, која има поткрепа и од политички структури во Македонија. Македонија треба да се воздржи од реципрочни мерки и да се залага за продлабочување на соработката со Република Србија и при тоа, да не отстапува од нашите национални, државни и стратешки интереси за членство во НАТО и ЕУ.

Македонија во меѓународните и соседските односи треба да тргнува од сопствените интереси, без да се меша во внатрешните работи на други држави, уште помалку да се јавува во улога на арбитер или   "маша" на било кој центар на моќ.

Република Македонија, од секогаш развивала исклучително добри односи со Србија, тоа è и определба на народите од двете држави и досега не преземала никакви активности кои ќе ги загрозат националните интереси на Србија.

Наводните офанзивни разузнавачки активности можеби се резултат на добро смислена стратегија со поддршка и инволвираност на припадници на безбедносни служби во Македонија, кои не се сложуваат со политиката на новата Влада и реформите кои се одвиваат.

partners partners partners partners partners partners