ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: УБИСТВО ИЗВРШЕНО НА СВИРЕП НАЧИН
10.07.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: УБИСТВО ИЗВРШЕНО НА СВИРЕП НАЧИН

Демократскиот сојуз инсистира, Јавниот обвинител, во соработка со МВР да ги преземе сите законски активности и мерки се со цел тие што неодамна го претепаа до смрт Никола Саздовски да понесат кривична одговорност.

Се работи за убиство извршено на свиреп начин и обвинителството мора овој неразумен чин и така да го третира, а секој обид да се релативизира ова злосторство може да добие политичка и етничка димензија со тешки последици по јавниот ред и мир.

ГИ повикуваме сите државни институции, посебно јавното обвинителство и судот, да работат професионално, одговорно, транспарентно и ефикасно.

Апелираме до сите граѓани и навивачки спортски асоцијации,  да останат присебни и воздржани, да  не се конфронтираат и да не ја „земаaт" правдата во свои раце.

Само со почитување на законите и без политичко влијание врз МВР, ЈО и СУДОТ, сторителите на ова убиство ќе ја понесат заслужената казна.

partners partners partners partners partners partners