Демократски сојуз: Среќна нова година

31.12.2016

Демократски сојуз: Среќна нова година

Демократскиот сојуз на сите граѓани им ја честита Новата 2017 година, посакувајки им добро здравје, многу среќа, семеен мир и успеси.

Поминавме тешка година, со бројни неизвесности и пресврти, но сите заедно опстоивме на цврстата решеност и определба, за промени, стабилност, единство и сплотеност.

Годината пред нас ќе биде година на реформи, афирмирање на основните цивилизациски вредности, враќање на довербата во државата и градење на општество во кое човекот ќе биде во центарот на вниманието, како и солидарноста, меѓусебното почитување и респект на различноста.

Ги охрабруваме сите граѓани да не губат надеж за подобра иднина.

partners partners partners partners partners partners