ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: СЛОБОДА НА ПЕЧАТОТ

03.05.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: СЛОБОДА НА ПЕЧАТОТ

Демократскиот сојуз смета дека слободата на печатот е круцијална  за развој на демократијата и јакнење на основните човекови права и слободи, вклучително и како можност секој граѓанин слободно да го искаже својот став.

Во изминатите 27 години, медиумите беа движечка сила на промените и воспоставување на нов систем на вредности, парламентарна демократија и афирмација на владеење на правото, како клучен сегмент на модерните општества.

И покрај сите слабости, политичките и бизнис притисоци врз новинарите, само со слобода на печатот може вистината да стигне до граѓаните.

Демократскиот сојуз од секогаш е за слобода на печатот и слобода на говорот и високо ја цени и поддржува борбата на секој човек и новинар за објективно информирање.

Треба сите заедно да придонесеме, новинарите да можат слободно да ја извршуваат оваа тешка и исклучително ризична професија. 

partners partners partners partners partners partners