ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: РЕФОРМИ И РЕЗУЛТАТИ
03.01.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: РЕФОРМИ И РЕЗУЛТАТИ

Демократскиот сојуз смета дека започнатите реформи во правосудниот сектор, службите за безбедност и администрацијата, се добра основа за стабилизирање на состојбите и јакнење на правната сигурност.

Капиталот доаѓа во стабилни држави и каде што има добра и позитивна бизнис клима.

Изедначување на бизнис условите за домашните и странските компании, се добра основа за раздвижување на инвестициите и зголемување на побарувачката за работна сила, а со тоа и зголемување на платите.

Само со преземање на одговорност од сите политички субјекти, реформи и реални резултати, се гаранција за побрзо евроинтегрирање и полноправно членство во НАТО на Република Македонија.

Охрабрувањата и поддршката  кои доаѓаат од ЕУ, НАТО и од САД, се шанса за Република Македонија да се движи напред и да го разреши дваесет и седум годишен спор наметнат од Грција.

Затоа, Демократскиот сојуз предлага 2018 година да биде прогласена за ГОДИНА НА РЕФОРМИ, РЕЗУЛТАТИ И ЧЛЕНСТВО  ВО НАТО, како и започнување на пристапните преговори со ЕУ.

partners partners partners partners partners partners