ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ПРАШАЊАТА ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС

13.03.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ПРАШАЊАТА ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС


Демократскиот сојуз смета дека во интерес на внатрешната стабилност и мир е неопходно да се формира реформска Влада од партиите кои имаат парламентарно мнозинство.

Државата ја  карактеризираат  четири круцијални елементи: НАРОД, ЈАЗИК, ТЕРИТОРИЈА И СУВЕРЕНО ВЛАДЕЕЊЕ СО ТЕРИТОРИЈАТА.

Овие клучни елементи со ништо не се загрозени ниту од внатре ниту постои  надворешна закана.

Симболи на државата се знамето, грбот и химната. За промена на овие симболи е потребна согласност од најмалку 81 пратеник или над 50% од граѓаните да се изјаснат на референдум за промени.

Демократскиот сојуз предлага наместо Парламентот, за сите прашања од национален и државен интерес, на референдум да одлучуваат граѓаните, вклучително и за промени сврзани со симболите на државата.

На овој начин силната манипулативна партиско- медиумска  кампања ќе се распадне и кај граѓаните ќе зајакне определбата дека само со мирна промена на власта ќе се обезбеди владеење на правото, како основна гаранција за индивидуалните и колективните права и слободи.

Демократскиот сојуз оценува дека не е загрозен унитарниот карактер на државата, нема никаков заговор за поделба и рушење на државата, ниту пак идеи или поддршка за промена на уставното име Република Македонија.

partners partners partners partners partners partners