Демократски сојуз: Разговори за промените во изборниот законик

03.10.2019

Демократски сојуз: Разговори за промените во изборниот законик

Денес, Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, до Зоран Заев, Христијан Мицковски, Али Ахмети, како и до лидерите и на други политички партии, упати иницијатива за одржување на средби, на кои ќе се разговара за потребата од измени на Изборниот законик.

Во барањето за средби со лидерите на партиите се нагласува дека, неодамна Демократскиот сојуз до Собранието на Република Северна Македонија достави иницијатива за измена на Изборниот законик, со кој се предлага наместо шест, Македонија да биде една изборна единица, при што и натаму да остане пропорционалниот изборен модел без изборен праг.

Демократскиот сојуз смета дека со овие промени Парламентот ќе биде реален одраз на определбата на граѓаните, ќе јакне одговорноста на извршната и другите власти, за круцијалните државни и прашања од интерес на граѓаните ќе се носат одлуки со сериозна дебата во Парламентот, ќе се создадат услови за владеење на правото, ефикасна борба против криминалот и основни предуслови за економски развој.

Со овие измени, како и со промените на начинот на финансирање на партиите, медиумската кампања и други клучни промени, ќе се создадат услови за еднакви шанси на сите партии, што е од интерес на граѓаните.

partners partners partners partners partners partners