ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ПРЕИСПИТУВАЊЕ НА СУДСКИТЕ ОДЛУКИ
20.09.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ПРЕИСПИТУВАЊЕ НА СУДСКИТЕ ОДЛУКИ

Демократскиот сојуз смета дека законите за амнестија, лустрација и обнова на постапката за монтираните политичко -судски случаи, треба да се донесат во пакет, како крупен чекор кон воспоставување на праведен систем и корекција на неправдата.

После потресната исповед на Емел Рамковска, најмалку што може да се направи е да им се овозможи повторно и фер судење.

Демократскиот сојуз сугерира освен за Законот за амнестија, во најкус можен рок да започне јавна и   парламентарна  расправа и за лустрацијата, како и  за политичко -судските монтирани процеси.

Демократскиот сојуз предлага да започнат постапки за одговорност и на сите инволвирани (политичари , припадници на МВР, обвинители и судии) во монтираните судски процеси.

partners partners partners partners partners partners