ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА ТРЕБА ДА ЗАПОЧНАТ
30.05.2019

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА ТРЕБА ДА ЗАПОЧНАТ

Демократскиот сојуз смета дека Извештајот на Европската комисија е реален и одраз на реформските процеси кои се одвиваат близу 30 години во Република Северна Македонија.

Препораката, по десети пат, за започнување на преговорите на Македонија со ЕУ, мора да се ефектуира, доколку сите се држиме до објективни остварувања и принципи.

Главниот предуслов за започнување на преговорите е надминат, постигнат е договор со Грција и Македонија нема други отворени прашања со соседите.

Советот на ЕУ, доколку не даде виза за почеток на преговорите, тоа треба да го образложи и да даде јасни насоки како ќе се движи овој процес понатаму.

Повеќе од очигледно е дека од 2006 година, блокадата од Грција на евроинтеграциските процеси на Македонија, било алиби и на некои други земји.

Доколку Советот на ЕУ ги блокира преговорите, треба да го преземе и ризикот од можна дестабилизација на Македонија и Балканот пошироко.

Стратешки и национален интерес на Македонија е и останува членството во НАТО и ЕУ.

partners partners partners partners partners partners