ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ПОТПИС ИЛИ ОСТАВКА
05.07.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ПОТПИС ИЛИ ОСТАВКА

По повторното изгласување на Законот за ратификација на Договорот помеѓу Македонија и Грција, претседателот  Ѓорге Иванов, има уставна должност да го потпише и на тој начин да ги деблокира процесите за полноправно членство во НАТО и започнување на пристапните преговори за влез во Европската Унија.

Доколку не го потпише Законот, треба да си поднесе оставка, во спротивно ќе се соочи со одговорност сврзана со злоупотреба на службената положба, како и секој друг граѓанин кога го крши Уставот и законите.

Демократскиот сојуз оценува дека ова е историска шанса, со која се отвораат перспективи за Македонија и треба да ја искористиме за коренити реформи и економски развој.

partners partners partners partners partners partners