ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ПОДЕЛЕНО ОПШТЕСТВО

15.12.2016

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ПОДЕЛЕНО ОПШТЕСТВО


Парламентарните избори покажаа огромна поделеност на граѓаните, при што мнозинството се за промени односно 612.000 илјади граѓани гласаа за партиите од опозицијата.

Изборниот модел, медиумската блокада и партиско медиумската кампања "да не се троши гласот за малите партии и коалиции,"предизвика групирање на гласовите и поделба на истите за власта и против, односно за промени.

Присутните закани и притисоци и клиентелизамот од владејачките партии, беа составен дел на изборниот процес, без механизми за евидентирање и спречување на злоупотребите и кршење на изборните правила.

Слабата поддршка на партиите и коалициите од центарот, даде јасен сигнал, дека сеуште нема простор за демонтажа на „еднопартизамот“, што е диктирано и од тоа што Македонија е поделена на шест изборни единици, а не една која ќе генерира плурална власт.

Демократскиот сојуз, оценува дека нема потреба од натамошно продлабочување на кризата, преку протести и притисоци врз ДИК, туку по прогласување на конечните резултати, да се конституира новиот состав на Парламентот и формира парламентарно мнозинство (од најмалку 62 пратеници) од партиите и пратеници кои се за промени, како предуслов за избор на нова Влада.

За ваквата новонастаната нестабилна состојба одговорност имаме сите, поради што повикуваме на воздржаност и разумно однесување и прифаќање на Платформа за помирување помеѓу левицата и десницата.

partners partners partners partners partners partners