Демократски Сојуз: Обвинителстово да ги гони сите убијци и прикривачи на убиството на хрватскиот ракометар

12.04.2022

Демократски Сојуз: Обвинителстово да ги гони сите убијци и прикривачи на убиството на хрватскиот ракометар

 

 

Демократскиот сојуз жестоко го осудува бруталното убиство на хрватскиот ракометар Денис Тот, ги повикува надлежните институции да ги доведат пред лицето на правдата сите негови убијци и да ги расветлат сите мистерии околу овој свиреп настан.

Демократскиот сојуз е особено загрижен поради ненавремената реакција на надлежните органи и здравствените институции веднаш по убиството, како и поради обидите да се покрие или забошоти овој настан, што му овозможи на еден од убијците доволно време да се даде во бегство.

Го повикуваме обвинителството да отвори истрага за можно прикривање на убиството од страна на поединци во надлежните институции, за неукажување помош на хрватскиот ракометар од лицата кои немо го следеа неговото крвничко претепување, како и против обезбедувањето на дискотеката „Привилиџ“ кое не интервенираше да го спречи крвавиот настан.

 


partners partners partners partners partners partners