ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: НОВА ВЛАДА ЗА ВЛЕЗ ВО НАТО

14.05.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: НОВА ВЛАДА ЗА ВЛЕЗ ВО НАТО

Демократскиот сојуз повикува на одговорно однесување од сите партии за да се обезбедат услови за промени и мирен трансфер на власта, доколку сакаме нашите национални и стратешки интереси за полноправно членство во НАТО  да се реализираат.

Проценките се дека на Балканот се испреплетуваат геополитички интереси, поради што неопходна е нова политичка и дипломатска офанзива од ЕУ и САД се со цел да се превенира од можна дестабилизација на Балканот.

Во оваа насока покрај приемот на Црна Гора, на Самитот на НАТО во Брисел, кој ќе се одржи на 24 и 25 Мај, огромни се шансите и можностите Македонија да добие и формално покана за членство во НАТО, доколку во текот на следната недела, Парламентот избере нова Влада и на мирен и демократски начин се одвива трансферот на власта

Ѓорге Иванов треба веднаш без одлагање, согласно член 90 од Уставот на Република Македонија да го даде мандатот за состав на Влада, а Парламентот најитно да избере Влада.

Демократскиот сојуз смета дека треба сите заедно да направиме се за да  започне стабилизација на состојбите, воспоставување систем на владеење на правото и отворање на перспективи за економски развој и имплементација на евроатланските стандарди.

 

partners partners partners partners partners partners