Демократски сојуз: Неодговорноста ги труе граѓаните

06.02.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: НЕОДГОВОРНОСТА ГИ ТРУЕ ГРАЃАНИТЕ


Демократскиот сојуз оценува дека за последните 26 години во Македонија ништо не е направено за здрава животна средина и чист воздух.

1. Нема гасификација и топлотни системи. Без ова се исекоа шумите и натаму се користат енергенси кои загадуваат: мазут, нафта, јаглен, дрва и сл.

2. Урбаната мафија, со неконтролираната градба, без консултација на експерти, големиот број на згради, го спречуваат природното струење на свеж воздух.

3. Преку увозот на над 150.000 стари автомобили, товарни возила и автобуси, Македонија се претвори во депонија.

4. Во Скопје и другите помали градови, не е обезбеден јавен превоз, кој помалку загадува: трамвај, тролејбус, такси возила кои не загадуваат ( на електричен погон и сл.).

5. Во Скопје и другите градови, се “ликвидираа” зелените површини и дрвјата, не се изградија подвозници - надвозници и не се заменија енергенсите за бројните котлани, наместо мазут, да користат гас и сл. 

6. Закони се донесени за филтри на фабриките, но доследно не се спроведуваат и долго време се пролонгираат роковите поради социјални причини и сл.

Македонија и натаму е без Стратегија за заштита на животната средина, а мерките се предлагаат и “преземаат”, само кога имаме енормна загаденост на воздухот.

Изјавите за загриженост за здравјето на граѓаните е фрлање прашина во очите на јавноста, “прашина полна со РМ – 10 честички”.

Нашите очекувања се новата Влада, во првите три месеци, да донесе Стратегија за заштита на средината во која живееме и работиме и веднаш да почне со реализација на истата.

partners partners partners partners partners partners