Демократски сојуз: Најостра осуда за прислушувањето на ЈО

30.11.2018

Демократски сојуз: Најостра осуда за прислушувањето на ЈО

Демократскиот сојуз најостро го осудува неовластеното прислушување на Јавното обвинителство, државен орган кој ги открива и гони сторителите на кривични дела.

Демократскиот сојуз бара енергична и ефикасна истрага, при што инволвираните во овој скандал мораат да понесат одговорност.

Демократскиот сојуз подолго време предупредува дека има информации кои укажуваат на тоа дека постојат паралени системи за прислушкување и дека се врши прислушување надвор од овластените институции (МВР,ЈО,СУДОВИТЕ итн.).

Овие системи се инсталирани пред промената на власта и информациите од истите најверојатно се користат од криминално-политичкото подземје.

МВР согласно недлежностите и во соработка со другите институции, мора да ги преземе сите законски мерки за да се заштитат институциите и граѓаните од неовластено прислушкување, сајбер нападите и сл.

 

partners partners partners partners partners partners