ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО
22.05.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО

Во овие исклучително сложени и тешки предизвици со кои се соочуваме и како нација и држава, мораме да се сплотиме и многу поединствени и цврсти да чекориме напред.

Одговорноста е пред сите нас без разлика на партиската, етничка или верска припадност, затоа е неопходно разумно однесување и без поделби на патриоти и предавници, на победници и поразени, уште помалку да се двоиме по етничка основа.

Веруваме дека нема граѓанин што прифаќа да се разговара и преговара за промена на Уставното име на државата, но лидерите се тие што мораат да отвораат перспективи за сегашните и идните генерации и по цена да ја завршат својата политичка кариера.

Демократскиот сојуз, поаѓајќи од националните и државни интереси на Република Македонија, ја охрабрува Владата и сите лидери на политички партии (позиција и опозиција) храбро и достоинствено да продолжат да  работат на СТРАТЕГИЈА за продолжување на евроатланските процеси и разрешување на отворените прашања со Грција.

Блокадата на овие процеси само ќе ја зајакнат позициите на екстремните структури и ќе ја вратат Македонија назад кон авторитарен систем.

partners partners partners partners partners partners