Демократски сојуз: Македонија треба да оди напред
16.06.2018

Демократски сојуз: Македонија треба да оди напред

Во овие исклучително драматични и сложени моменти, време е македонскиот народ и сите граѓани на Македонија, добро да размислат и само со рационално и разумно однесување можат да ја зграпчат историската шанса за приклучување кон европските вредности и стандарди.

Повеќе од дваесет и пет години по сите параметри заостануваме зад сите други европски држави, се гушиме во криминал и беда, а младите заминуваат на запад.

Треба да протестираме за да владее правото, за социјална правда, за конфискација на криминално стекнатиот капитал, за подобар живот.

Но најмногу од се треба да ставиме крај на манипулациите дека ако ги блокираме евроатланските процеси Македонија ќе биде Швајцарија на Балканот.

Ова е историска шанса да се одлепиме од дното и со високо крената глава како МАКЕДОНЦИ да кажеме доста е, ние сме за добрососедски односи, за влез во НАТО и Европската унија, "ние за тоа ќе одлучуваме на референдум".

Сигурно дека не е време за триумфализам, ниту кај нас ниту кај соседите, компромисот е договор со кој сите по нешто губат, но и добиват.

Македонија ја јакне својата државност, јазик и национален идентитет и отвора перспектива за сите граѓани.

Сигурни сме дека оваа шанса нема да ја прокоцкаме.

partners partners partners partners partners partners