ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:МАКЕДОНИЈА ПРЕД ИСТОРИСКИ ОДЛУКИ
06.06.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:МАКЕДОНИЈА ПРЕД ИСТОРИСКИ ОДЛУКИ

Република Македонија е исправена пред историски одлуки, кои ќе ја определат иднината на државата.

Во очекување на "пакетот" решенија сврзани со деблокирање на евроатланските процеси односно разрешување на спорот наметнат од Грција за името на нашата држава, напорите на МПЦ-ОА за признавање на автокефалноста од страна на Цариградската Патријаршија,се настани кои бараат сплотеност, единство и одговорно однесување од секој политичар и граѓанин, нагласи Павле Трајанов на средбата со раководството на ДС во Охрид.

Наша цврста определба е Македонија да биде полноправна членка на НАТО и ЕУ, со што ќе се отворат реални перспективи за младите, да останат во Македонија.

Тие партии и лидери кои ќе го преземат "товарот" за иднината на Република Македонија, можеби краткорочно  ќе изгубат политички поени, но сигурно ќе создадат услови за инвестиции, развој и нови работни места, рече Павле Трајанов.

Трајанов зборуваше и за потребата од кадровско зајакнување на партијата, со вклучување на млади и креативни кадри.

partners partners partners partners partners partners