Демократски сојуз: Македонија од НАТО да побара поддршка за ЕУ

07.05.2022

Демократски сојуз: Македонија од НАТО да побара поддршка за ЕУ

 

 

Во услови на градење единство помеѓу НАТО и Европската Унија, поврзано со инвазијата на Русија на Украина, Владата на Македонија целосно ја усогласи надворешната политика со политиките на НАТО и ЕУ.
Имајќи ги предвид геостратешките престројувања, Демократскиот сојуз ја повикува Владата да побара поддршка од земјите членки на НАТО кои се истовремено членки на ЕУ, да обезбедат деблокада на почетокот на преговорите на Македонија со Европската Унија. 
Влијателните членки на ЕУ, како Германија и Франција, можат да издејствуваат Бугарија да го тргне ветото за почеток на преговорите без било какви условувања и уцени, бидејќи барањата на официјална Софија се спротивни на европските критериуми и анахрони на 21 век.
Воедно изразуваме резерви кон искажаните ставови на државно-политичкиот врв дека има единствен став кај партиите од власта и опозицијата, Бугарите да бидат вградени во Уставот, како замена за започнување на преговорите со ЕУ, заборавајќи ги притоа Македонците во Бугарија.
Европска унија - ДА, уцени - НЕ, треба конечно да се однесуваме државнички и со дигнитет!

partners partners partners partners partners partners