ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: МАКЕДОНИЈА КРЕАТОР НА МИРОТ И СТАБИЛНОСТА
13.07.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: МАКЕДОНИЈА КРЕАТОР НА МИРОТ И СТАБИЛНОСТА

Поканата за полноправно членство во НАТО, за Република Македонија претставува најголемиот цивилизациски и историски исчекор.

Членството во најпрестижниот „КЛУБ" е верификација на долгогодишните реформи, откажувања, компромиси и борба за владеење на правото и правната сигурност.

Македонија станува кредибилен партнер на НАТО, креатор на мирот и стабилноста во регионот и пошироко.

Пред сите нас претстои силен предизвик, да изградиме национално единство, да продолжиме со реформите, да ги надминеме предрасудите и со високо крената глава да потврдиме дека сме демократска и просперитетна држава.

Честитки до сите граѓани за цврстата определба да продолжиме со евроатланските интеграции.

partners partners partners partners partners partners