ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: КАДРОВСКИ ПРОМЕНИ И РЕФОРМИ
28.06.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: КАДРОВСКИ ПРОМЕНИ И РЕФОРМИ

Демократскиот сојуз оценува дека посетите на Хан и Прибе на Република Македонија се од исклучителна важност за спроведување на реформи, клучни за стабилизирање на состојбите и обезбедување на поширока поддршка за промените.

За реформите во тајните служби за безбедност, судскиот систем и медиумите, круцијално è паралелно со системските промени да се направат и кадровски екипирања врз основа на цврсти критериуми (едукација, професионалност, демократски капацитети и сл.).

Граѓаните очекуваат брзи промени, реформи и резултати, но сепак системските промени мора да се одвиваат врз основа на поцелосни анализи и споредбени искуства. Во кадровските промени мораaт да се вклучуваат сите потенцијали, вклучително и граѓанскиот сектор, универзитетите и бизнис секторот, како и млади и докажани експерти кои работат во странство.

Отвореноста за идеи, проекти и кадри, се гаранција за промените и отворање на перспективи за Македонија.

partners partners partners partners partners partners