ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ФЕР СУДЕЊЕ
10.12.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ФЕР СУДЕЊЕ

Демократскиот сојуз апелира до Советот за реформи на правосудниот систем, сериозно и со продлабочена анализа, да пристапат кон иницијативата за создавање законски основи за преиспитување на судските одлуки засновани на фабрикувани  факти и докази.

Демократскиот сојуз, предлага,  да се донесе закон (кој е веќе подготвен) со кој ќе се даде можност за повторување на постапката и шанса за фер судење во фабрикуваните случаи каде судските одлуки се донесени со кршење на презумција на невиноста (јавна бламажа и сигнал до сите институции дека се работи за избрана цел за отстрел), потоа кога е користен заштитен (лажен) сведок или одлуката е заснована од прислушкувани разговори извадени од целината и контекстот на разговорот, како и во други случаи.

Само со обнова на фабрикуваните полициско-судски случаи ќе се разоткријат креаторите на овие случаи во политичките водства, полицијата, обвинителството и судот.

Последните шест месеци,  сведоци сме на аргументирани искажувања на десетици граѓани кои неосновано биле праќани во затвор, меѓу нив и осудени на затворски казни на над десет години или доживотен затвор.

Амнестијата е чин на милост и корекција на неправдата, но овие жртви на режимот, не бараат милост, туку фер судење за да ја докажат својата невиност.

Преку обнова на овие случаи ќе се допре и до суштинските прашања кои судскиот систем го направија некредибилен и сервис на политичките елити и центри на моќ.

 

partners partners partners partners partners partners