ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ЕДИНСТВО ЗА ЧЛЕНСТВО ВО НАТО
11.06.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ЕДИНСТВО ЗА ЧЛЕНСТВО ВО НАТО

Демократскиот сојуз смета дека  силната надворешна поддршка на новата Влада за реформи, клучни за членство во НАТО и започнување на преговорите со ЕУ, неопходно е да се обезбеди и внатрешно единство на сите политички партии.

Имено,поддршката на реформската Влада од Европската Унија, НАТО и САД за реформи  во службите за безбедност и правосудниот систем, како и најавите за финансиска и стручна помош за малите и средни компании и изградба на инфраструктурни капацитети (енергетски системи од обновлива енергија и сл.) е добра основа за вклученост во реформите на сите партии, невладиниот-граѓански сектор, експертите и медиумите.

Очекуваме досегашните внатрешни опструкции и блокади за влез во ЕУ и НАТО да бидат поразени и конечно Македонија да се придвижи кон европските стандарди и вредности и отвораат перспективи за сите граѓани.

Прв тест за сите партии ќе биде и обезбедување на законски услови за продолжување на мандатот за работа на СЈО, формирање  на судски одел кој ќе постапува по предметите на СЈО, како и избор на Јавен обвинител на Република Македонија.

partners partners partners partners partners partners