Демократски сојуз: Доста се сликавте

10.08.2016

Демократски сојуз: Доста се сликавте

Демократскиот сојуз ги повикува партиските лидери да престанат да се сликаат и да ја кoристат оваa трагедија за политички поени.

Организирајте, помагајте, донирајте, но со сопствени или партиски ресурси и немојте да изигрувате хумани луѓе делејќи државна помош (тоа се народни пари).

Ве повикуваме да ги оставите надлежните институции, хуманитарните организации и доброволците, на организиран и професионален начин, да помогнат на настраданите.

Потфрлија многу инсистуции, но тоа е резултат на неспособните партиски кадри, на лошата- партиска селекција и на маргинализација на способните, школуваните и високите професионалци.

Затоа  ДС ги повикува политичарите: ,,фатете се за лопатите, но не го тестираjте трпението на граѓаните, барајќи да ви се поклонуваат".

partners partners partners partners partners partners