Демократски сојуз: Договорот со Грција е за влез во НАТО И ЕУ
28.07.2018

Демократски сојуз: Договорот со Грција е за влез во НАТО И ЕУ

Деновиве од страна на политички партии, експерти и медиуми, се отвораат дилеми околу можното референдумско прашање сврзано со имплементација на договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција.

Но овие дилеми се вештачки, бидејќи сите граѓани знаат дека договорот со Грција е склучен за да се деблокирааат евроатлантските процеси односно Македонија да добие покана за членство во НАТО и да започнат пристапните преговори со ЕУ.

Затоа референдумското прашање мора да биде поврзано со имплементација на договорот со Грција како клучен предуслов за влез во НАТО и ЕУ.

Кампањата треба да биде преку објективно информирање на граѓаните за перспективите што се отвораат за Македонија доколку се излезе на гласање  и се гласа "ЗА".

Воедно треба јасно да се соопшти дека бојкотот на референдумот значи нестабилност, стагнација, изолација и засилување на иселувањето од Македонија.

Демократскиот сојуз повикува на единство на сите политички  партии околу нашите стратешки и национални интереси.

partners partners partners partners partners partners