ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ГИ ОТВОРА ЕВРОАТЛАНСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ
26.07.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ГИ ОТВОРА ЕВРОАТЛАНСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ

Демократскиот сојуз оценува дека постигнатиот договор за добрососедски односи со Бугарија е одраз на взаемен компромис и ги отвора перспективите на Македонија за полноправно членство во НАТО и започнување на преговорите за влез во Европската Унија.

Политиката на создавање проблеми со соседните држави и состојба на "статус кво", Македонија ја оддалечи од европските стандарди и перспективи, а крајниот резултат беше авторитарно владеење, економска стагнација, грабеж и иселување на најдобрите кадри во странство.

Договорот е резултат и на политичка зрелост, лидерство и храброст, како и преземање на одговорност за иднината на државата.

Со овој договор се креираат услови за развивање на добри односи помеѓу народите на двете држави, меѓусебно почитување и економска соработка.      

partners partners partners partners partners partners