Демократски сојуз: Договор за иднината на Македонија
01.10.2018

Демократски сојуз: Договор за иднината на Македонија

Врз основа на првичната анализа на референдумот, Демократскиот сојуз ги изгради следните ставови:

Прво, референдумот се одржа во мирна и демократска атмосфера, при што граѓаните можеа слободно да се изјаснат, без било какви притисоци, уцени и слично.

Но, референдумската кампања  беше партизирана, со несовршена референдумска регулатива, како и со избирачки список, кој не го одразува  реалниот број на гласачи.

Второ, над 600.000 граѓани дадоа силен импулс дека евроинтеграциските процеси треба да продолжат, поради што СДСМ и ВМРО -ДПМНЕ мораат да постигнат договор за иднината на Македонија.

Во оваа насока очекуваме договор кој ќе ги отвори перспективите за влез на Македонија во НАТО и ЕУ.

Трето, резултатите од референдумот не смеат партиите да ги "приграбуваат" и калкулираат за избори,затоа што се работи за опстанокот и иднината на Македонија, а не за останување или доаѓање на власт.

partners partners partners partners partners partners