ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ДЕМОНТИРАЊЕ НА ЕДНОПАРТИСКИОТ И АВТОРИТАРЕН СИСТЕМ
06.09.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ДЕМОНТИРАЊЕ НА ЕДНОПАРТИСКИОТ И АВТОРИТАРЕН СИСТЕМ

Демократскиот сојуз оценува дека изминатите сто дена беа успешни и исклучителни тешки за Македонија и Владата.

Клучно е што полека се демонтира  еднопартискиот и авторитарен систем и започнува дисперзија на власта и одговорноста, како клучна претпоставка за слобода на мислата и зголемување на иницијативноста.

Многу битно е што се деблокирани евро-атланските процеси и Македонија добива меѓународна поддршка за  офанзивната и решителна дипломатска активност за  надминување на отворените прашања со соседите.

Започнати се крупни реформи во судскиот систем и безбедносните служби, се изедначуваат условите за бизнис за странските и домашните компании и се намалуваат непродуктивните трошења.

Зголемување на минималната плата е добра основа за раздвижување на целокупниот систем на плати и отворање на перспективи за младите.

Демократскиот сојуз очекува двојно намалување на паричните казни за фирмите, обезбедување на достапност на секое работно место за способните и многу поефикасна борба против организираниот криминал и конфискација на нелегално стекнатиот имот.

partners partners partners partners partners partners