Демократски сојуз: Дајте шанса на мирот

16.10.2018

Демократски сојуз: Дајте шанса на мирот

Демократскиот сојуз е за помирување помеѓу левицата и десницата, не поради друго, тука за да се спречат натамошните делби на штета на македонските национални интереси.

Низ историјата внатрешните поделби секогаш завршувале со катастрофални последици по територијалниот интегритет и националниот идентитет на Македонија и Македонците.

Затоа повикуваме на договор (помеѓу СДСМ и ВМРО -ДПМНЕ) кој ќе значи проодност на првата фаза од уставните промени и можност преку нацрт амандманите и Уставниот закон да се вградат решенија кои ќе го гарантираат националниот- македонски идентитет и македонскиот јазик, како и унитарниот карактер на државата и територијалниот идентитет.

Со исклучивоста и повикувањето на народот, во суштина се крие желбата за власт.

Парламентот треба да одлучи дали ќе имаме мир и стабилност или неизвесност, немири и дестабилизација со неизвесен крај.

Ова недела е клучна за иднината на Македонија, затоа сите треба да размислиме и да носиме мудри одлуки.

Просперитетот, мирот и владеење на правото немаат цена.

partners partners partners partners partners partners