Демократски сојуз: Да се распушти Парламентот

12.10.2016

Демократски сојуз: Да се распушти Парламентот

Демократскиот сојуз, до Собранието на Република Македонија, достави Предлог -Одлука со која бара Парламентот да се распушти, со што ќе се создадат Уставни можности, изборите да се одржат на 11 декември 2016 година.

Согласно договорот од 31 август 2016 година, четирите партии констатираа дека има услови за одржување на предвремени парламентарни избори, при што како датум го определија 11 декември.

За подготовка на сите партии за учество на изборите неопходен е период од најмалку два месеца, поради што предлагаме во текот на денот распуштање на Парламентот.

Инаку освен предложените промени за работата на СЈО и заштитени сведоци, други реални причини за одложување на самораспуштање на Парламентот нема.

Севкупната криза во Македонија предолго трае и ги загрозува перспективите и развојот на земјата, поради што се неопходни промени на власта, кои можат да се случат на фер, демократски и кредибилни избори.

Демократскиот сојуз очекува поддршка од сите парламентарни партии и независни пратеници.

На овој линк погледнете ја Предлог-Одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија

partners partners partners partners partners partners