ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ДА СЕ ПРОДОЛОЖИ СО РЕФОРМИ И РАБОТА
13.06.2019

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ДА СЕ ПРОДОЛОЖИ СО РЕФОРМИ И РАБОТА



Демократскиот сојуз смета дека независно од одлуките на Советот на Европската Унија за почеток на разговорите за влез во ЕУ, Македонија треба да продолжи со реформите и имплементација на европските стандарди, бидејќи тоа е од интерес на сите граѓани.

Јакнењето на демократските капацитети на институциите, слободата на медиумите, стабилноста и правната сигурност се круцијални за иднината на државата.

Преспанскиот Договор, како и Договорот со Бугарија, не треба да се клучни предуслови за интеграција во ЕУ, туку реформите и постигнатите резултати, но ЕУ инсистираше на разрешување на отворените прашања со соседите и тие наши отстапки мора да ги вреднува и валоризира.

Демократскиот сојуз оценува дека започнатата постапка за прием во НАТО и реформските процеси, ја обврзуваат Владата да работи со целосен капацитет, а вонредни парламентарни избори после самитот на НАТО закажан за крајот на оваа година во Лондон.

partners partners partners partners partners partners