Демократски сојуз: Да се послуша гласот на пазарџиите
20.01.2019

Демократски сојуз: Да се послуша гласот на пазарџиите

Демократскиот сојуз оценува дека имплементацијата на Законот за зелените пазари е без претходна подготовка и консултација со еснавските асоцијации и пазарџиите.

Демократскиот сојуз бара Министерството за економија да предложи до Парлаламентот да се одложи примената на овој закон за една година, а во меѓувреме да направи анализа на проблемите со зелените пазари и предложи решенија користејќи ги искуствата од другите држави.

Во оваа насока треба сопствениците на пазарите да имаат обврски за примена на високи хигенско-санитарни стандарди, услови за работа за продавачите, покривање на пазарите, како и јасни критериуми кој може да биде продавач, нивните социјални права и друго.

Голем број на пазарџии се социјално загрозени, работат во тешки услови, на минус 10  или на четириесет степени и сл.

Институциите треба да поведат сметка  и за препродавачите, сопствениците на пазарите и сите други кои имаат финансиски интерес, а ги одбегнуваат давачките спрема државата.

partners partners partners partners partners partners