ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ДА СЕ ОПСТОИ НА РЕФОРМИТЕ
28.06.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ДА СЕ ОПСТОИ НА РЕФОРМИТЕ

Демократскиот сојуз смета дека најавата за „чиста" покана за полноправно членство во НАТО на Република Македонија, како и одлуката на Советот на министри на земјите членки на ЕУ, за можно започнување на пристапните преговори за влез во ЕУ, се силен поттик да се опстои на реформите, посебно во судскиот систем, тајните служби и администрацијата.

Борбата против организираниот криминал и корупцијата мора да биде робусна и неселективна, при што, задолжително да се конфискува нелегално стекнатиот капитал и изрекува заштитна мерка - забрана на политичко дејствување.

За да успееме на евроатланскиот пат, треба полека да се гради национално единство и одговорно однесување од сите субјекти, посебно од политичките партии, без разлика дали се од позиција или опозиција.

Во овој процес ќе има и периоди на стагнација и некои од државите членки на ЕУ или НАТО да им дадат приоритет на нивните национални интереси, како што е актуелната ситуација со Франција и некои други држави. Како и да е, со сите колебања и одлагања, за Македонија се отвораат реални перспективи и сите ние треба да направиме се, за  процесите да се одвиваат со зголемена динамика.

partners partners partners partners partners partners