Демократски сојуз: Честитки до припадниците на АРМ

18.08.2016

Демократски сојуз: Честитки до припадниците на АРМ

Демократскиот сојуз, на припадниците на АРМ  им го честита 18- ти Август, Денот на Армијата на Република Македонија.

Армијата е гарант за територијалниот интегритет на Македонија и силен фактор за внатрешното единство и стабилноста.

Во изминатите години, припадници на армијата кои беа вклучени во мировните мисии, на висок професионален начин ги извршуваа сложените задачи и беа најдобри репрезенти  на Македонија.

Припадници на АРМ несебично се вклучија и во отстранување на последиците од поплавите во Скопско.

Армијата на Република Македонија заслужува и честитки и подобар третман.

 

partners partners partners partners partners partners