ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: БРЗАЈТЕ ПОЛЕКА

12.07.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: БРЗАЈТЕ ПОЛЕКА

Демократскиот сојуз оценува дека системските промени мора да се одвиваат со продлабочени анализи, споредбени искуства и вклучување на  интелектуални и стручни капацитети, како и користење на надворешни (странски) експерти.

Сосема се разбирливи коментарите и реакциите од голем број на граѓани кои очекуваат брзи и системски и кадровски промени, но Владата на Република Македонија, треба да се држи до српската поговорка "брзај полека" (жури полако), бидејќи промените морат да поминат низ филтерот на експертската и пошироката демократска јавност.

Почнатите реформи во финансиите, најавата за зголемување на минималната плата, укинувањето на радиодифузната такса и сл., се добар почеток, но најголемиот отпор се очекува при  реформите на судскиот систем кој е целосно под контрола на претходната власт.

Злоупотребувајќи ги деловничките можности, ВМРО ДПМНЕ го блокира процесот на промена на Јавниот обвинител, а уште посилни ќе бидат опструкциите при реформите (системски и кадровски) во судскиот систем, кој целосно е колабиран и  некредибилен да води "војна" против носителите на тешки облици на институционален и организиран криминал.

Реформите ќе добијат широка  поддршка и ќе успеат ако  се одвива транспарентно и со силата на аргументите.

 

partners partners partners partners partners partners