ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: БОРБАТА ЗА ПРАВА ПРОДОЛЖУВА

01.05.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: БОРБАТА ЗА ПРАВА ПРОДОЛЖУВА

Демократскиот сојуз на сите работници им го честита 1-ви Мај, Денот на работничката класа, кога на овој ден во Чикаго, во 1886 година, се организираа масовни демонстрации за правата на работниците.

За зачувување на стекнатите права, но и за стекнување со нови ,за подобри услови за работа, за соодветно вреднување на работата, како и за подостоинствен живот, само работниците можат да се изборат, доколку се организирани, единствени и силен партнер за разговори со Власта.

Кохабитацијата со Власта секогаш завршувала со кратење на работничките права и во интерес на работодавачите.

По кратењата на многу права на работниците во изминатите години, промените во Македонија, треба да резултираат и со позитивни реформи во работничкото законодавство и натамошно зголемување на платите и правата на работниците, како и подобрување на условите за живот за сите.

Овој ден е само потсетување дека "борбата" за права треба да продолжи.

partners partners partners partners partners partners