ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: АПСУРДНОСТА НА СУДСКАТА ЛОГИКА ЗА ПРИТВОР
27.07.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: АПСУРДНОСТА НА СУДСКАТА ЛОГИКА ЗА ПРИТВОР

Демократскиот сојуз укажува на апсурдноста на логиката на судовите, извршувањето на одлуките за притвор да ги одлага по поднесена жалба.

Како е можно мерки на претпазливост или одлука за притвор, заради обезбедување присуство на обвинет, посебно при постоење услови за бегство или влијание врз сведоци, да се одлага извршувањето доколку има жалба.

Кога има забрана за напуштање на државата или одлука за притвор,тие одлуки стапуваат во сила веднаш и се спроведуваат без одлагање, а доколку по жалба повисокиот суд одлучи поинаку,тогаш се постапува по одлуката на тој суд.

Сега со двајцата обвинети припадници на МВР, кои се во бегство, се покажа дека судството е не кредибилно и не е во функција на борба против криминалот, туку инструмент на партиските елити и центрите на моќ.

Очекуваме одговорност од сите кои "кумуваат" на овие политичко -судски ујдурми.

partners partners partners partners partners partners