Трајанов: Oва е обид за дестабилизација на Македонија

11.05.2015

Трајанов: Oва е обид за дестабилизација на Македонија

Лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов во разговор за Фактор, тврди дека вчера во Македонија, односно во кумановското место „Дива населба“ постоел обид за дестабилизација на земјава.

„Генерално, ова е обид за дестабилизација на Македонија и нарушување на безбедноста. Се работи за терористички групи кои ја загрозија стабилноста на Македонија. Исто така, важно е да се истакне дека граѓаните не ги подржаа овие активности и мислам дека нема да дојде до нарушување на меѓуетничките односи. Очекувам сега безбедносните служби на чело со МВР да ја расчистат компелтно работата. Она што можам да го истаканм е дека се забележливи одредени пропусти на оперативните служби, со што се добива впечаток дека полицијата е практично голо изложена на стрелба. Не можам и не сакам да навлегувам во разно разните шпекулации за сценаријата за овој немил настан. Сепак, треба да почекаме да се стабилизира целата ситуација, затоа што има една нејасна работа, а тоа е што не се знае кој стои зад овие терористички групи и кои се нивните цели.

Фактор: Пет полицајци се убиени, а повеќе од 30 се повредени. Чија е одговорноста?

Трајанов: Одговорноста е на власта. Сите ние други, и партии и медиуми и граѓански организации имаме одредена одговорност за општестевните случувања, но ако се загрози територијалниот интегритет на државата, така што имаме уфрлена група во земјава, тогаш одговорноста е на безбедносните служби. Прво ни се случи Гошинце, па сега инцидентот во кумановската „Дива Населба“, тогаш одговорноста мора да ја понесе власта. Не може за ова да се обвинува опозицијата, тоа е далеку од памет.

Извор: Фактор

partners partners partners partners partners partners