ДС: Партиите да водат сметка за државните интереси

03.06.2015

ДС: Партиите да водат сметка за државните интереси

Демократскиот сојуз го поддржува политичкиот дијалог, како начин за постепено излегување од длабоката политичка криза која ги загрозува економскиот развој, стабилноста и евроинтеграциските процеси.

Демократскиот сојуз укажува на потребата во Платформата (договорот), да се дефинира начинот и постапката за утврдување на политичката одговорност за носителите кои не вовлекоа во кризата, потоа зајакнување на контролните механизми преку системски промени за поставеноста на судскиот систем, цивилна контрола над службите за безбедност, како и промени на изборен модел за реално отсликувале на волјата  на граѓаните во Парламентот.

ДС укажува на потребата за ефикасна борба против институционалниот криминал преку воспоставување на заокружен систем за борба против организираниот криминал, односно системи за откривање на скриениот имот на носителите на јавни функции, конфискација на нелегално стекнатиот имот и забрана за политичко дејствување од најмалку 10 години.

ДС е против амнестија на  тие што се одговорни за масовно кршење на правата на граѓаните (преку прислушување и сл.), како и тие што се вклучени во коруптивни активности, селективна примена на правото и монтирани судски процеси.

ДС ги повикува партиите кои се директно вклучени во преговарачкиот процес да водат сметка за државните и интересите на граѓаните, а не на преден план да ги ставаат личните и партиските интереси.

partners partners partners partners partners partners