Измените на Законот за заштита на сведоци, наместо во скратена ќе се носи во редовна постапка

21.11.2013

Измените на Законот за заштита на сведоци, наместо во скратена ќе се носи во редовна постапка

Поради сензитивноста на материјата која се регулира со Законот за заштита на сведоци, како и потребата од дополнителни консултации, пратенички групи и пратеници, предложија, Предлог законот за изменување на Законот за заштита на сведоци, наместо по скратена постапка да се донесе во редовна постапка.

Од тие причини Предлог законот е повлечен и истиот ќе се донесе во редовна постапка.

Пратеничките групи и пратениците, доколку имаат одредени забелешки, сугестии или конкретни предлози на Предлог законот за изменување на Законот за заштита на сведоци,  можат да ги достават до предлагачот, најдоцна до 27.11.2013 година.

partners partners partners partners partners partners