ДС повикува на смиреност и воздржаност

09.05.2015

ДС повикува на смиреност и воздржаност

Демократскиот сојуз со загриженост го следи развојот на безбедносните состојби и апелира на смиреност и воздржаност.

Демократскиот сојуз ги повикува граѓаните, без разлика на етничката и верската припадност,  да се обединат и да ги осудат нападите од терористите,  да ги изолираат и да соработуваат со силите за безбедност.

Очекуваме граѓаните да им дадат поддршка  на силите за безбедност во справувањето со терористите кои ја загрозуваат безбедноста и територијалниот  интегритет.

Демократскиот сојуз апелира до сите партии да престанат со меѓусебни обвинувања.

Очекуваме силите за безбедност (полицијата и армијата) на ефикасен начин да се справат со вооружените групи.

partners partners partners partners partners partners