ДС: Независна истрага и одговорност

10.02.2015

ДС: Независна истрага и одговорност

Во врска со презентираните информации за масовно кршење на основните човекови права и слободи, преку следење и прислушкување на комуникациите, Демократскиот сојуз бара независна, експертска, транспарентна и јавна истрага.

Демократскиот сојуз, бара Јавниот обвинител да формира посебен тим (согласно ЗКП), кој ќе работи на проверка и документирање на информациите за прислушкување, како и одговорноста на сите инволвирани во овој мега скандал, без разлика на тоа за кого сè се работи, неговата позиција, социјален статус, партиска припадност и сл.

Демократскиот сојуз очекува во разрешувањето да се вклучат сите надлежни државни органи, вклучително и Народниот правобранител, при што само со почитување на принципите на владеење на правото, може да се дојде до вистината.

Демократскиот сојуз ги повикува опозициските партии да се вклучат во работата на Парламентот за да може да се обезбеди уставната и законската определба за цивилна-парламентарна контрола над службите за безбедност.  

Преку активирање на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање и Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана, може да се обезбедат релевантни информации и факти. Врз основа на извештаите на овие комисии  да се отвори  расправа и во Собранието на Република Македонија.

Демократскиот сојуз смета дека освен што е нарушена приватноста на граѓаните, пробиен е и разорен целокупниот систем за безбедност, а во голема мера е загрозена  безбедноста и стабилноста на државата, поради што неопходно е да се утврди политичката, кривичната и друг вид на одговорност на носителите на овие активности.Демократскиот сојуз смета дека ваквите состојби во голема мера негативно ќе се одразат и на демократскиот развој, евро-интеграциските процеси, како и на економските состојби.

Демократскиот сојуз ги повикува сите политички партии во своите активности да водат сметка за стратешките и националните интереси на државата и граѓаните, а медиумите објективно и избалансирано да информираат.

partners partners partners partners partners partners