ДС изразува протест поради неможноста граѓаните да го проследат говорот на Блер

03.10.2013

ДС изразува протест поради неможноста граѓаните да го проследат говорот на Блер

Демократскиот сојуз, изразува протест поради неможноста граѓаните на Република Македонија да го проследат во живо говорот на господинот Тони Блер, поранешен премиер на Велика Британија.

Вчера вечер, во Македонскиот Национален Театар во Скопје, се обрати Тони Блер, поранешен британски премиер, во рамките на Сахара Балканскиот Мировен Фестивал, но Македонската Телевизија, го прекина преносот за време на неговиот говор.

Интересот за настапот на Тони Блер е огромен, поради што бараме Организаторот на овој фестивал, да овозможи граѓаните во Македонија, но и пошироко да го проследат овој исклучително инспиративен говор.

partners partners partners partners partners partners